Македонија со гол предност на пауза против Турција

Машката репрезентација на Македонија води минимално против Турција по првиот дел со 12-13 на натпреварот од четвртото коло во групната фаза на Медитеранските игри.

Момците на Лазаров тргнаа добро, поведоа со 2-6 по десетина минути игра, но Турците ги консолидираа своите редови и со серија од четири погодоци израмнија на 6-6.

Постот на Македонија од седум минути без гол го прекина Игор Ѓоргиев со погодокот за 6-7, а со головите повторно на Ѓоргиев и Петковски, нашата селекција стигна до плус три, 7-10.

Десното крило Петковски пак реализираше за највисоката предност на Македонија, 8-12. Јагмороглу и Дурмас, а уште една наша грешка беше казнета од Турците за 11-12. Имаше уште по еден гол на двете страни, па пауза се замина со 12-13.

Петковски има шест погодоци по првиот дел, додека Ѓоргиев беше стрелец на три гола. По еднаш реализираа Џонов, Јагуриновски, Симоноски и Петар Атанасијевиќ.