Европската ракометна федерација ги објави детали пред ждрепката за првиот бараж за Светското првенство во 2023 година што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.
Женската селекција на Македонија поради тоа што игра на ЕП 2022 го прескокнува првиот бараж и ќе биде во првиот шешир пред ждрепката за вториот бараж.
Директно место на СП имаат обезбедено трите домаќини, како и светскиот првак Франција, а од ЕП на Мундијалот одат и двата финалисти. Доколку некоја од селекциите на Данска, Норвешка, Шведска и Франција е во финале, селекциите под нив ќе обезбедат мундијалски билет.
Селекциите од ЕП што нема да обезбедат директно место на СП, а такви ќе бидат десет ќе играат против еден од победниците од деветте баражи плус Чешка.
Меѓу можните противници има селекции против кои Македонија ќе има големи шанси да го прекине постот од настап на СП и да се пласира на светскиот собир по пауза од 16 години.
Ждрепката за првиот бараж е во среда, на 29 јуни од 11:00 часот, додека натпреварите ќе се одиграат на 2/3 и 5/6 ноември оваа година. Натпреварите од вториот бараж каде ќе игра Македонија ќе бидат на програмата во април догодина.
Светско првенство 2023 – Данска, Норвешка, Шведска
прв бараж
шешир 1: Австрија, Словачка, Исланд, Турција, Украина, Португалија, Фарски Острови, Грција, Италија
шешир 2: Косово, Израел, Финска, Луксембург, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Велика Британија, Летонија
втор бараж
шешир 1: десет селекции од ЕП 2022
шешир 2: победници од девет двобои од првиот бараж + Чешка