Синоќа беа отворени Медитеранските игри што ќе бидат на програмата до 6 јули, а настапи ќе имаат и двете македонски ракометни репрезентации.
Први на сцена ќе бидат ракометарите, веќе утре, кога од 20:00 часот, ќе го одиграат натпреварот против јужниот сосед.
Во групата Б, покрај Македонија и јужниот сосед, се уште и домаќинот Алжир, Шпанија и Турција.
Дамите ќе стартуваат на 30 јуни, со меч против селекцијата на Турција, додека во групата Б се уште и репрезентациите на Србија и Португалија.
Покрај репрезентациите, Македонија на овие Медитерански игри има уште два претставника во арбитрите Методија и Михајло Илиевски.