Европската ракометна федерација ги објави тимовите што аплицираа за место во Лигата на шампионите и ги потврди оние што имаат директно место.
Местото на Вардар оди во „вајлд-карти“, па место шест, ЕХФ сега има седум покани за делење кај заинтересираните екипи.
Директно место имаат ГОГ Гудме, Барселона, ПСЖ, ПИК Сегед, Порто, Келце, Динамо Букурешт, Магдебург и Кил, па остануваа ЕХФ да одреди уште седум екипи што ќе играат во елитното натпреварување следната сезона.
Вајлд-карти побараа дури 13 екипи – Алборг, Гранољерс, Нант, Веспрем, Висла Плоцк, Спортинг Лисабон, Баја Маре, Загреб, Елверум, Целје, Кадетен Шафхаузен, Иштад и Мотор Запорожје.
Јасно е дека Алборг, Нант, Веспрем, па и Елверум и Загреб ќе добијат вајлд-карти, но конечната листа на учесници ЕХФ ќе ја објави во петок.