Поранешната репрезентативка на Македонија, Драгица Митрова, иако планираше да ја заврши играчката кариера, сепак, и во следната сезона ќе биде активна на ракометните терени.
34 годишната ракометарка на Гевгелија, која минатата сезона беше и во улога на тренер на дел од натпреварите во Женската лига, сѐ уште игра во одлична форма.
Некогашното лево крило на македонската репрезентација во сезоната што заврши беше меѓу најдобрите десет стрелци, постигна вкупно 190 погодоци во групната и плеј-аут фаза и заврши на 6. место меѓу стрелците.
За следната сезона планирани се неколку засилувања во екипата на Гевгелија, додека амбициите на клубот се подобар пласман на табелата и создавање на квалитетни играчи, на кои ќе може да се смета во иднина.