Душебаев: Многу боли, не можам да најдам зборови…(ФОТО)

Во финалето од Лигата на шампионите, Келце загуби од Барселона по пеналите со 37:35. Екс ракометарот на Вардар, Алекс Душебав, по пропуштената шанса и прилика за освојување на титулата во елитното клупско натпреварување, денеска преку социјалните мрежи се обрати на јавноста.

Репрезентативецот на Шпанија беше трагичар за својот тим, бидејќи во пенал серијата, во која се решаваше победникот, тој единствено промаши од редовите на полскиот шампион.

Ударот на Душебаев го одбрани неговиот репрезентативен колега, голманот, Перез де Варгас. Душебаев изјави дека сѐ уште не може да ја сокрие болката, но се надева дека следната година се ќе си дојде на свое место.

„Сѐ уште ми е тешко да ги најдам вистинските зборови… Сè уште многу боли, но овој тим ќе го преброди ова и ќе се обиде повторно. И ќе успееме во тоа. Денес, повеќе од кога било, се чувствувам горд на овој клуб. Ви благодарам на поддршката“, напиша Душебаев на социјалните мрежи.

СПЕКТАКУЛАРНО ФИНАЛЕ: Барса во пенал-рулет го скрши Келце и остана на европскиот трон!