Екипата на Веспрем во полуфиналето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите беше поразена од полскиот шампион, Келце, со резултат 35:37 (18:16).
Еден од најголемите ракометни стручњаци кој ретко ги пропушта најважните ракометни натпревари, Сеад Хасанефендиќ во разговор за „Балкан-хендбал“ откри дека во првиот полуфинален натпревар навивал за Веспрем.
Хасанефендиќ истакна дека судискиот пар од Данска, Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, кој ја делеше правдата меѓу Келце и Веспрем, судел во корист за екипата на Талант Душебаев.
„Мислам дека сите четири екипи се подеднакво квалитетни. Морам да признаам дека навивав за Веспрем. Судискиот критериум пресуди во корист на Келце. Тој уште од самиот почеток судеше во негова корист. Ниту една проблематична топка, а ги имаше премногу, не беше доделена во корист на Веспрем. Ова се ситуации 50-50. Неколку пати судиите избегнуваа да направат видео проверка, а тоа беше неопходно. Наместо тоа, судеа во корист на полскиот тим. Ги проверуваа само оние ситуации кои можеа го променат резултатот во корист на Келце“, изјави Хасанефениќ.
Ракометарите на Веспрем по загубениот полуфинален натпревар, денес со почеток од 15:15 часот ќе играат против Кил за бронзениот медал на Ф4 турнирот во Келн. Унгарскиот гигант шестпати играше на завршницата во Лигата на шампионите, но ниту еднаш не успеа да го освои првото место.