Полскиот вицепрвак Висла Плоцк, кој оваа сезона беше дел од Лигата на Европа, аплицираше за вајлд-карта за Лигата на шампионите.
Полска има едно загарантирано место, а тоа оди кај првкаот Келце, па Висла мораше да бара вајлд-карта и да се надева дека по три сезони ќе се врати во елитната конкуренција.
Покрај Висла Плоцк, а претходно Мотор Запорожје, Целје и Гранољерс, и шведскиот првак Иштад објави дека аплицирал за една од шесте вајлд-карти што ги има ЕХФ на располагање.
Меѓу тимовите што бараат „апгрејд“ се Веспрем, Нант, Алборг, Загреб, Елверум….па европската куќа на ракометот ќе биде на маки пред да ја донесе одлуката.