Екипата на Грањолес, која заврши на 2. позиција во Асобал лигата и за следната сезона обезбеди место во Лига на Европа, аплицираше за вајлд-карта за учество во Лигата на шампионите.
Како што е веќе познато, ЕХФ доделува шест вајлд-карти за елитното клупско натпреварување, но бидејќи конкуренцијата ќе биде голема, тешко е дека шпанскиот вицешампион ќе дојде до место меѓу најдобрите клубови во Европа.
Раководството на клубот во следниот период ќе очекува среќна вест од ЕХФ, а доколку апликацијата биде одбиена, тогаш клубот ќе игра во второто по ранг квалитетно натпреварување – Лига на Европа.
Грањолес имаше одлична сезона на домашна сцена. Со биланс од 21 победа, едно реми и седум порази, го освои второто место во Асобал лигата.
📝 Comunicat oficial: El Fraikin BM Granollers rep la invitació per optar a una plaça per poder jugar l’EHF Champions League 2022-23!
🆕 El club queda a l'espera de la resolució final per saber si participarà en la següent edició.
🔗 https://t.co/NfkN2nX8q4#OrgullBMG 🔵⚪ pic.twitter.com/cEwuULrZwv
— BM Granollers (@BMGranollers) June 8, 2022