Екипата на Барселона има доста проблеми со повреди во финишот на сезоанта пред завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн.
Како што објави на Твитер радиото „RAC 1“, Французинот во дресот на Барса, Тимоти Н’гесан заработил повреда на тетивата и ќе го пропушти завршниот турнир.
Н’Гесан е важен играч во составот на Барселона кој сезонава во Лигата на шампионите има постигнато голем број погодоци. Исто така проблеми со отсуство од натпревари имаше и Лудовик Фабрегас кој се опорави и се врати на теренот пред Ф4.
Барселона за противник во полуфиналето на завршниот турнир ќе го има составот на Кил кој исто така има многу проблеми со играчите, меѓу кои и Сандер Сагосен кој ќе отсуствува подолго време.