Тимот на Будакалаш, каде што брани македонскиот интернационалец Даниел Ѓорѓески, имаше победнички крај на сезоната во унгарскиот шампионат.
Будакалаш славеше на гостински терен кај составот на Егер со 23-28, а големи заслуги за тоа имаше и нашиот чувар на мрежата.
Ѓорѓески на теренот мина 25 минути, а за тоа време успеа да запре седум удари на противничките ракометари.
Будакалаш сезоната ја завршува на осмото место, а Ѓорѓески го продолжи договорот и следната сезона ќе брани во Унгарија.