Шестото место од Прва лига носи суперлигашки бараж

Следната сезона во Суперлигата ќе играат 16 екипи поделени во две групи по осум, а тоа значи дека од Првата лига пласман во елитното друштво ќе изборат екипите од првото до петто место.

Но и шестото место во прволигашкиот плеј-оф носи можност за борба за елитата. Екипата што ќе заврши на оваа позиција ќе игра бараж натпревар во првиот викенд од јуни со последно пласираната екипа од суперлигашкиот плеј-аут.

Екипите на Скопје и Радовиш кои се на последните две позиции во плеј-аутот со 5, односно 3 бода. Овие две екипи во Скопје ќе имаат меѓусебен дуел на 22 мај, а во последното коло радовишани на домашен терен ќе се соочат со Прилеп, додека Скопје му гостува на Пролет. По овие три меча ќе биде јасно која екипа ќе мора да игра бараж.

Пролет, Струга и Прилеп се безбедни околу опстанокот и местото во Суперлигата следна сезона.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819

Што се однесува до Првата лига, оттаму сигурни патници во Суперлигата се Алкалоид, Голден Арт, многу блиску до целта се Јуниор КВ и Вардар Неготино, а за петтото и шестото место во конкуренција се Аеродром, Куманово, Младост Богданци, па и Драчево.

Во Првата лига останува да се одиграат уште три кола до крајот, по што ќе биде комплетиран списокот на учесници во двете машки конкуренции.