Сара Ристовска и ЦСКА Москва со уште една убедлива победа против Универзитет Ижевск обезбеди место во полуфиналето од плеј-офот во руската Суперлига.
ЦСКА после победата од 40:20 денес славеше победа со 30:17. Македонската репрезентативка на теренот помина 23 минути и во тој период постигна два гола од три обиди.
Противник во полуфиналето на ЦСКА Москва ќе биде Звенингород кој исто така со две победи ја елиминираше Астраханочка. ЦСКА и во полуфиналето ќе ја има фаворитската улога за пласман во натпреварот за трофејот, но секако таквата улога ќе мора да се оправда и на теренот.
Полуфиналните средби се закажани за на 11 и 17 мај.