25-годишниот ракометар на Хамбург, Филип Бауер донел изненадувачка одлука да стави крај на кариерата по завршувањето на актуелната сезона.
Ракометарот на бундеслигашот става крај можеби во периодот од кариерата кога најголем дел од ракометарите играат во најдобрата форма, во годините кога квалитетот веќе се надополнува и со сериозно искуство.
Бауер сепак одлучил да оди во друг правец во животот и во иднина ќе го остави професионалното играње ракомет за да продолжи со студирањето право. До крајот на сезоната во Бундеслигата на Бауер му претстојат уште шест натпревари, а сезонава одигра 25 натпревари и постигна 53 гола.
„Верувам дека ова е одличен крај на мојата кариера. Горд сум што имав прилика да играм во Бундеслигата. Остварив и повеќе од што можев да замислам, затоа мислам дека најдобро е тука да продолжам со нешто друго“, изјави Бауер.