Хрватски Нексе направи историски успех со пласманот на фајнл-фор турнирот во Лигата на Европа.
Нексе за место помеѓу најдобрите четири се избори откако го елиминираше дански ГОГ Гудме. Во Хрватска Нексе славеше со пет гола разлика додека во реваншот во Данска одиграа реми кое им беше доволно.
Пласманот на завршницата од Лигата на Европа донесе голема еуфорија помеѓу навивачите. Иако беше доцна по полноќ навивачите приредија вистински спектакл за ракометарите по враќањето во Нашице.
Фајнл-фор турнирот е закажан за 28 и 29 мај, а на него ќе играат уште Бенфика, Висла и Maгдебург.