После денешните полуфинални средби во германскиот куп пласман во финалето обезбедија екипите на Кил и Магдебург.
Кил во натпреварот кој се играше порано од 13:30 часот славеше против Лемго со 28:26. Неизвесноста во натпреварот беше присутна од почетокот до крајот, а на пауза се замина со нерешен резултат 12:12. Во вториот дел фаворизираниот Кил го подигна нивото на играта и на крајот сепак успеа не дозволи изненадување и стигна до победата.
Ландин беше одличен и на голот на Кил собра 14 интервенции, најефикасен беше Сагосен со осум постигнати гола од 11 обиди. Во редовите на Лемго Винчек постигна пет гола.
Магдебург во вториот полуфинален дуел полесно стигна до триумф против Ерлаген, славеа со осум разлика 30:22. После првиот дел фаворитот имаше предност од 17:13, а во вториот дел со уште подобра игра забележааа сигурна победа. Магнусон беше најефикасен со шест гола, додека Кристијансон зад него постигна пет гола. Во редовите на Ерланген Јепсон и Метцнер се истакнаа со шест и пет погодоци.
Финалето е закажано за утре од 13:25 часот.