Селекцијата на Словенија веќе се наоѓа во Крагујевац, каде вечерва од 18:00 часот ќе го одигра реваншот од бараж двомечот со Србија за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска.
Србите блеснаа во Целје и му го упропастија дебито на Урош Зорман со трумфот 31-34, но Словенците не се откажуваат од борбата за СП.
„И покрај лошата игра на првиот меч, и натаму имаме активен резултат. Мислам дека ќе ни треба победа од четири гола. Во минатото многу пати сме докажале дека можеме да играме добар ракомет на гости, па верувам дека така ќе биде и сега. Ќе се бориме до последен атом од силата. Наша предност е тоа што Србите открија многу повеќе карти од нас на првиот натпревар“, вели Зорман.
Словенија во Србија ќе биде без повредените Сташ Скубе, Тадеј Кљун, Миха Кавчич и Милјан Вујовиќ.