Македонската репрезентација ја чека двомечот против Чешка за пласман на Светското првенство, првиот натпревар го играме во Злин во среда, а реваншот во недела во Скопје.
Билетите за реванш дуелот беа пуштени денес во 12:00 часот во продажба, а повеќе билети за овој дуел – НЕМА!
Ова значи дека ракометарите во недела ќе имаат максимална поддршка од трибините во надеж за нов пласман на голем настан. Натпреварот се игра во терминот од 19:00 часот.