Репрезентацијата на Македонија ја очекува баражот за Светското првенство во кој ќе играме два натпревари против репрезентацијата на Чешка.
EХФ веќе ги одреди судиите за овој двомеч. Во првиот натпревар кој ќе се игра во Злин на 13 април ќе ни судат турските судии Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, а за делегат на натпреварот е назначен Балаж Сос од Унгарија.
Реваншот во Скопје е закажан за четири дена подоцна, на 17 април од 19:00 часот, а во Скопје правдата ќе ја делат Португалците Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека, додека делегат ќе биде Италијанецот Марко Треспиди.
Репрезентацијата на Македонија денеска патува за Злин, а се враќа веднаш по натпреварот во Скопје.