Смртта на ракометарот на Бутел, Денис Тот сепак била предизвикана од насилство, потврдиле докторите од Судска медицина за „Телма“.
Министерството за внатрешни работи вчера излезе со соопштение спротивно на првичните информации, но и спротивно на извештаите во хрватските медиуми кои се фокусираат на наводна физичка пресметка во или пред скопскиот ноќен клуб „Привилиџ“ во која било вклучено и обезбедувањето на клубот.
Сега информациите дека постоела физичка пресметка ги потврдиле и докторите од Судска медицина. Изјава која е во согласност со првичните информации кои „24Ракомет“ ги објави во четвртокот.
„
Докторите од Судска медицина ги разрешија дилемите во јавноста, откако обдукцијата покажа дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на 27-годишниот ракометар од Хрватска, Денис Тот, кој вчераутро почина на скопските клиники.Потврда за ова добивме и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет. Од доказите ќе зависи квалификацијата на делото, дали ќе биде убиство или насилство со смртни последици.
Инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк“, пишува „Телма“.
Во текот на денешниот ден ќе заврши и обдукцијата на телото после што документите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.