Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир пред двомечот со Чешка од баражот за Мундијалот во 2023 година. Селекторот Кире Лазаров има 23 ракометари во комбинација, меѓу кои е и самиот тој, а националниот тим ќе биде комплетен во понеделник.
Играчите од домашниот шампионат ќе бидат присутни на денешниот собир, додека дел од интернационалците ќе пристигнат во понеделник.
Никола Митревски вечерва има натпревар со Порто во португалскиот шампионат, Филип Миркуловски со Вецлар и Филип Кузмановски со Хановер утре имаат натпревари од Бундес лигата.
Томислав Јагуриновски синоќа имаше дуел на Исланд, па веројатно ќе се приклучи во текот на утрешниот ден, а Жарко Пешевски во четвртокот настапи за Штутгарт и би требало да биде на располагање од првиот тренинг.
Првиот натпревар со Чешка се игра во Злин на 13 април со почеток во 19:15 часот, додека реваншот е во Скопје на 17 парил од 19:00 часот.