Од Хрватска тврдат: Обдукцијата покажала дека Тот немал никакви наркотични суспстанци во крвта

Трагичната смрт на младиот ракометар од редовите на Бутел Скопје, Денис Тот предизвика голема тага, но и интерес од јавноста, како тука така и во Хрватска.

Хрватски „Вечерњи“ разговараше со амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи кој истакнал дека овој случај нема да биде ставен „под тепих“.  Тој потврдил и дека во крвта на Денис не се пронајдени наркотици или некакви други сусптанци.

„Сигурно дека ќе се оди детално со истрагата. Управителката на клиничкиот центар вели дека нема траги на насилство и дека не е убиство. Се обиделе да го реанимираат, но Денис починал. Неговото срце запрело. Бил предаден на обдукција, по што ќе биде јасно која е причината за неговата смрт. Тоа што е сигурно е дека не бил под наркотични супстанции“, изјавил Фетаи за „Вечерњи“.