Хрватскиот ракометар од редовите на Бутел Скопје ја загуби битката за својот живот откако во четвртокот во раните утрински часови во бесознание беше примен во болница во Скопје.
Тот во Македонија покрај дресот на Бутел го носеше и дресот на ГРК Охрид.
Професионална играчка кариера ја започнал во Ѓаково во Хрватска. Настапувал за Пореч Бјеловар, Брик Австрија од каде заминува за Адемар Леон. Во 2019 година од Шпанија пристигнува во Охрид, а по две поминати сезони, од септември го замени клупскиот дрес на Охрид со оној на РК Бутел Скопје.
Македонските суперлигаши веќе започнаа да се простуваат од Тот…