„Пелистерки“ во завршницата обезбедија домашна победа против Стружанка

Во рамки од Плеј-Офот во Женската лига Пелистер во салата „Боро Чурлевски“ запиша победа против Стружанка со 21:19.

Натпреварот беше отворен со водство од 2:0 за домашната екипа, головите ги постигнаа Моника Босиловска и Сабина Етемовска, додека првиот гол за гостите во четвртата минута го постигна Тијана Переска.

Првото полувреме беше поделено на два периоди, првите 15 минути припаднаа на Пелистер, додека во вторите подобра беше екипата на Стружанка. Точно во 15-тата минута Пелистер ги имаше највисоките „плус 3“, но потоа започнаа периодот во кој гостите беа подобрата екипа на теренот, па така на пауза Стружанка замина со предност од 9:12.

Првите минути од второто полувреме донесоа подобра игра на домаќините, па така го изедначија резултат на 13:13. Од тоа изедначување во 41 минута гледавме период од пет минути без гол, тогаш Стружанка го врати водството. Финишот од натпреварот  припадна на домашните ракометарки па така започнаа да ја прават предноста која им обезбеди победа во овој натпревар.

Клучна беше серијата од 6:0 токму од тие 13:14, до 18:14. Гостите до крајот немаа сили за ново враќање во натпреварот, па така Пелистер стигна до победата.

Најефикасна кај Пелистер беше Босиловска Моника со седум гола, додека кај Стружанка Магдалена Делиоска постигна шест гола.