Делиоска со десет гола ја водеше Стружанка до триумф над Чаир

Екипите на Стружанка и Чаир одиграа максимално израмнет и изедначен натпревар во 6. коло од плеј-офот во Женската лига. После голема борба во салата Нико Нестор во Струга победа славеа ракометарките на Стружанка со 29:28.

Од самиот почеток сè беше израмнето, постојано се играше гол за гол и ниту една екипа не успеваше да направи повисоко водство. Најчесто резултатот беше израмнет, а на паузата домашниот тим замина со преднсот од 14:13.

На почетокот на вториот дел за првпат Стружанка имаше два предност 15.13, но Чаир брзо израмни на 17:17. Следуваше решавачката серија на домашната екипа од четири гола која ја сочуваа до крај за конечен триумф. Во финишот Чаир само го ублажи поразот.

Најефикасни во составот на Стружанка беа Магдалена Делиоска со десет погодоци и Затурока и Переска кои постигнаа по пет гола. Во тимот на Чаир се истакна Теодора Дукоска со осум гола, а шест постигна Биљана Дамческа.

ПозЕкипаНПРЛБ