На ракометните терени низ Македонија денеска не очекуваат многу возбудувања. Во Суперлигата, во Женската лига и во Првата лига ќе се одиграат дури 17 натпревари, а голем дел од нив привлекуваат внимание.
Покрај дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, во суперлигашкиот плеј-оф, ќе се игра уште во Охрид и Кавадарци. Покрај езерото гостува Бутел Скопје, а Тиквеш ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2. Сигурно ништо помалку интересни од дербито во Скопје нема да бидат ни овие два меча.
Во Женската лига, има две дерби средби. Вардар на домашен терен игра со Металург, додека залетаниот Ѓорче Петров ќе го пречека шампионот Куманово.
Во Првата лига, досега непоразениот Алкалоид гостува на жежок терен во Неготино, додека во Богданци, исто така не чека интересен натпревар меѓу Младост и Голден Арт.
Денеска на терените: Големо дерби во Супер лигата и уште многу дуели на домашна сцена и низ Европа