Шебетиќ за соработниците од Украина: Се обидов да ги добијам, не успеав…

Хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Шебетиќ во средата премина од украински Мотор Запорожје во шпанскиот прволигаш Вивер Херол Нава, а сега раскажа низ што поминувал во Украина.

Шебетиќ минатото лето од Франција стигна во Запорожје, град со 716.000 жители на југоистокот на Украина. Со Мотор имаше договор на две години.

„Бев задоволен во Мотор игравме Лига на шампиони и се боревме за поминување во следната фаза се беше на свое место“.

Се започнало на 24. февруари кога започна инвазијата на Русија во Украина. Шебетиќ на 26 февруари тргнал со автомобил кон Киев заедно со неговите деца, сопруга и неговиот татко. Неколку пати бил запиран од воени патроли, но немало проблеми.

И после трансферот ги следи случувањата во Украина.

„Колку што слушам, Запорожје е релативно добро во споредба со некои други градови“.

Неговите соиграчи од Мотор излегле од Украина минатиот викенд преку репрезентацијата, а во градот останале докторот и кондицискиот тренер.

„Не знам што е со нив. Баш предмалку ги барав, но не успеав да ги добијам. Се надевам дека се добро. Имам договор со Мотор и следната сезона, но во овој момент не знам што ќе биде со тоа“, изјави Шебетиќ.

Неговиот нов клуб Нава се наоѓа на 10. место во првенството на Шпанија, а по потписот со Шебетиќ истакнаа дека ја искористиле ситуацијата да доведат играч од топ класа.