Горан Шпрем беше член на најтрофејната генерација во историјата на хрватскиот ракомет која беше предводена од Лино Червар, а сега во интервју за „Моцарт Спорт“ зоруваше на повеќе актуелни теми.
Шпрем и по завршувањето на кариерата остана индиректно во ракометот. Неговата компанија соработува со хрватскиот ракометен сојуз, а за време на големите турнири има улога на стручен коментатор на РТЛ.
Смета дека Хрватска повеќе не е топ репрезентација.
„Ние не сме повеќе топ репрезентација, но сме опасна која може да изненади, но треба многу работи да се поклопат. Со години таква репрезентација беше Шведска, потребно беше време за оваа селекција да почне да освојува медали. Хрватска направи чекор назад. Тоа што ми дава оптимизам е што вложуваме многу во младите категории и имаме одлични резултати. Ако сега вложуваш не можеш да очекуваш веднаш да ти се врати, но ќе ти се врати за 10 години. Милсам дека Хватска повторно ќе биде во врвот, но ќе биде се потешко да се освојуваат медали. Ние зборуваме за Хрватска како ракометна суперсила, но последниот златен медал го освоивме во 2004 година. Успех беше среброто на ЕП 2020. Кога ќе го погледнам тој медал тоа беше скок. Не игравме на Олимписките игри во Токио минатата година и тоа беше тежок удар. Не би кажал дека тоа е фијаско, ако извлечеме добри работи, ако не научиме, многу сме изгубиле“.
Доби прашање да ги спореди хрватскиот и српскиот ракомет.
„Разликата помеѓу српскиот и хрватскиот ракомет е како измеѓу српската и хрватската кошарка. Тоа што се вие за нас во кошарка, тоа сме ние за вас во ракомет. Таа атмосфера, енергија околу репрезентацијата кај нас и понатаму постои. Во Србија тоа фали. Во Хрватска ракометот е многу повеќе популарен отколку кошарката“.
Како најкомплетен ракометар го издвои Сандер Сагосен.
„Готфридсон беше МВП на Европското првенство. Тој е одличен играч, но мене не ми се допаѓа. За мене Сандер Сагосен е најкомплетен, ракометар на иднината“, порача Шпрем.