Приведен поранешен репрезентативец на Полска – изнудувал пари!

Поранешниот репрезентативец на Полска и член на Келце, Бартолoмeј Томчак е приведен поради изнуда на пари.

Порталот „wlkp24.info“ објави дека по барање на обвнителството приведени се седум лица меѓу кои биле поранешниот репрезентативец на Полска и потпретседателот на клубот Островија.

Притворите се за изнуда на пари од агенции за модернизација на земјоделство. Наводно тие барале субвенции за фиктивни фирми во период од 2004 до 2015 година.

Презимето на играчот не е објавено, но доволен е останатиот опис за да стане јасно за кого станува збор. Во кариерата Бартоломeј настапуваше за Горник, Заглембе и Келце, тој е и еден од најдобрите стрелци во националниот шампионат во последната деценија.