Чешката ракометна федерација веќе го одбра градот домаќин на домашниот натпревар од вториот бараж за Мундијалот во Полска и Шведска.
Македонија ќе гостува во Злин, град во кој ќе го играме третиот квалификациски натпревар за ЕП или СП.
Во 2014 година под водство на Ивица Обрван во натпревар од бараж двомечот за СП 2015, Македонија одигра реми, 27-27 во Злин против домаќинот, а вториот меч на истото место беше во јуни 2016 година.
Тогаш селектор беше Лино Червар, а Македонија во борбата за СП 2017 година, беше убедливо поразена во Злин со 28-22. Сепак разликата во Скопје беше надмината и нашата селекција отиде на Мундијал.
Никој сигурно ќе нема против така да биде и сега. Првиот меч меѓу Македонија и Чешка се игра во Злин на 13 април во 20:15 часот, а реваншот во Скопје на 16 или 17 април.