Машката репрезентација на Македонија и одржа лекција на Романија во Скопје и ја совлада со 30-22 во првиот бараж натпревар за СП.
Кире Лазаров и неговиот стручен штаб имаа поставено вистинска тактика. Во првиот дел можеби Романците имаа моменти на блесок, но во второто полувреме не можеа да го видат голот на Митревски.
Кога на сето ова ќе се надополнат и 5.000 македонски грла, тогаш Романците немаа што друго да прават освен да се помират со високиот пораз, а Пасквал да му честита на својот некогашен пулен од Барса за добиената битка.
И покрај високата победа, сепак ништо не е завршено бидејќи има реванш во Букурешт, кој се игра на 19 март од 17:00 часот.