Канцелариите на Ракометниот сојуз на Црна Гора биле ограбени во текот на ноќта измеѓу вторник и среда.
Непознато лице од просторијата на Сојузот кој се наоѓа на јужната трибина на стадионот со себе однелo голем дел од документацијата и направена е материјална штета, а за случајот е известена и полицијата.
„Сојузот изразува благодарност до припадните на полицијата на професионалната и брзата реакција во надеж дека трагите кои ги земаа во повеќечасовниот увид ќе бидат од корист за пронаоѓање на сторителот на делото. Ја користиме оваа прилика да истакнеме дека сме изненадени од дело кое досега е незабележано во нашата држава, имајќи предвид дека се работи за национален сојуз. Истовремено веруваме дека надлежните органи ќе си ја завршат работата и виновникот ќе биде спроведен пред правдата во најкраток можен рок“, соопштија од Ракометниот сојуз на Црна Гора