Поради конфликтот помеѓу Русија и Украина Французинката Грас Заади одлучи да не се врати во Ростов.
Заади за Ростов игра од 2020 година и има договор на уште две сезони (го продолжи минатиот јануари). Но Ростов иако се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите беше исклучен од натпреварувањето поради санкциите кон руските и белоруските клубови.
„Л’Екип“ сега објави дека Французинката преку писмено барања побарала да биде ослободена од Ростов до крајот на сезоната, а клубот го одобрил нејзиното барање. Заади сезоната ќе ја доигра во нејзината татковина каде што ќе настапува како позајмена ракометарка во редовите на Мец.
Играњето за Мец не е непознато за 28-годишната ракометарка која дресот на овој клуб го носеше од 2013 до 2020 година.