Македонија и Романија в четврток ќе го играат првиот натпревар од баражот за Светското првенство.
Десното крило на романската репрезентација Валентин Јонеа порача дека тимската игра треба да биде најсилното оружје на неговата репрезентација.
„Ќе се обидеме да направиме добар резултат во Македонија со цел да останеме во игра за реваншот во Букурешт. Нашата предност во овој двомеч е единството на групата, сите дојдовме тука со желба да се пласираме на СП. Нема да играме индивидуално, ќе работиме тимски. Во натпреварот кој ќе го играме дома се надевам дека ќе имаме и што е можно поголема поддршка од публиката, посакувам полна сала“, изјави Валентин Јонеа ракометарот на Динамо Букурешт.
По натпреварот тука само два дена подоцна Македонија ќе и гостува на Романија во Букурешт. Ќе потсетиме, победникот од овој бараж ќе оди на дуел против Чешка. (13/14 април и 16/17април)