Францускиот ракометар, Баптист Бонфон официјално не е повеќе член на белорускиот шампион, Мешков Брест, иако имаше договор со клубот, кој беше со важност до 2023 година.
Бонфон и Мешков Брест спогодбено ја прекинаа соработката откако ракометарот од Франција одлучи да си замине во својата татковина по препорака на француската амбасада во Белорусија.
Левиот бек моментално тренира во неговиот матичен клуб, Монпелје, но сѐ уште е неизвесно каде ќе ја продолжи својата кариера. За потсетување, ланската сезона беше пред потпис со македонскиот шампион Вардар.
Мешков Брест покрај Бонфон го напуштија тренерите Даниел Гордо и Нуно Фарел, како и ракометарите Јака Малус, Павел Пачковски и Владимир Врањеш.