Драма во Париз – противникот на Вардар го сруши ПСЖ со гол во последните секунди!

ПСЖ и Веспрем одиграа еден ефикасен и неизвесен натпревар кој се решаваше во последните секунди. Јахја Омар ја донесе победата за гостите со гол во буквално последните моменти, 39:40.

Од првата минута се играше ефикасно, немаше многу одбрани на голманите во почетните минути. Првата посериозна предност ја направија гостите кога после дваесетина минути поведоа со четири разлика (14:18). Меѓутоа завршницата од првиот дел донесе подобра игра на ПСЖ, па на пауза Веспрем замина само со плус еден.

Ремили на стартот од вториот дел го одржуваше ПСЖ резултатски во игра со своите голови, домаќините имаа и два напади за после подлого време да го преземат водстово, но Коралес не дозволи.

Веспрем во 41. минута со двата брзи гола на Штрлек и Адриан Сипос ја врати највисоката предност до тој момент од плус четири (25:29). Во продолжение ПСЖ на неколку пати се доближи и на минус еден, меѓутоа токму кога ќе застанеше нападот на Веспрем, блеснуваше Коралес на голот и не дозволуваше ниту изедначување, а Вспрем во наредните напади ја враќаше предноста.

Со предноста од четири гола Веспрем влезе и во последните десет минути. Но, како што одминуваа последните минути како да дојде до опуштање во редовите на гостите, па ПСЖ доби прилика да се врати во мечот. Добија „светците“ напад за изедначување во кој Сипжак изнуди седмерец. Седмерецот успешно го реализираше Хансен, но Омар Јахја по една одлична асистенција од Ненадиќ погоди на неколку секунди до крајот за победа на Веспрем.

Ќе потсетиме, токму Веспрем ќе биде противникот на Вардар во осминафиналето, па овој натпревар е доказ дека црвено-црните ќе ги чека исклучително тешка задача.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064