Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице во осминафиналето од Лигата на Европа.
Балкански двобој следува откако битолчани на свој терен во салата „Боро Чурлевски“ го совладаа АЕК Атина со убедливи 30-19.
Првото место беше недостижно за македонскиот претставник по поразите од Ним и Татабања, но и покрај тоа беше потврдено место во елиминациите.
Првиот натпревар меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер се игра во Нашице на 29 март, додека реваншот во Битола ќе се игра на 5 април.
Битола на нозе: Пелистер слави голема победа против АЕК и европска пролет!