Тоше Ончев за Тимо Требње одигра уште еден одличен натпревар и заслужено се најде во изборот за тим на колото.
Ончев постигна десет гола во победата на Требње против Марибор од 30:24. Треба да се спомене дека солиден во овој натпревар беше и Милан Лазаревски кој постигна еден гол и заработи две исклучувања.
Гласањето на сајтот на словенечката федерација ќе биде отворено до 9.март до 14:00 часот, а за Ончев може да гласате ТУКА.