Ракометарите на Младост од Богданци забележаа тесна победа на домашен терен во 17. коло од Првата лига против составот на Работнички со 25:24 и се пробија на второто место на табелата во групата А.
Натпреварот беше максимално израмнет, двете екипи имаа добри моменти и водство но највисокото беше од три гола на Младост при резултат 10:7. До крајот на првиот дел гостите успеаја да стигна до израмнвање и на паузата беше 13:13.
Продолжението не донесе промени на теренот, постојно екипите го менуваа водството но ниту една не успеваше да се одлепи и да направи сигурно водство. Во завршницата Младост поведе со 24:21 што на крај се покажа како доволно за победа. Во самиот финиш Работнички успеа само да го ублажи поразот.
Предводници на тимот од Богданци до победата беа Митко Караиванов со 12 погодоци и Саша Михајловиќ со седум гола. Во тимот на Работнички се истакна Давид Димевски со осум гола, а Ѓорѓи Дука погоди петпати.