Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од последното коло во Лигата на Европа.
Српските арбитри Душан Стојковиќ и Ненад Николиќ ќе бидат главни на теренот во Битола на мечот меѓу Еурофарм Пелистер и АЕК Атина.
Делегат ќе биде Словенецот Леополд Калин. Овој натпревар се игра на 8 март со почеток во 18:45 во салата „Боро Чурлевски“.
Со триумф, битолчани ќе бидат на второто место во групата и ќе играат со хрватскиот Нексе Нашице во осминафиналето од Лигата на Европа.