Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија во четвртокот беше блиску до сензација против фаворизираните Словенки, но со одбранет пенал во последната секунда домаќинките во Целје се радуваа на триумф од 29-28. Имавме меч во кој постојано бевме во игра, и можевме барем да се израдувавме на бод, што ќе значеше голем мотив пред утрешниот реванш.
Дуелите со Словенија се дел од подготовките на нашата репрезентација заедно со репрезентациите на Црна Гора и Словенија, кои сите три заедно со организатори на ЕП 2022 што треба да се игра во ноември годинава. И плус Норвешка, како актуелен европски првак.
Пред утрешниот реванш со Словенија, селекторот Љубомир Савевски истакна задоволство од она што го видел на претходниот натпревар.
„Најголемата довивка е што девојките покажаа голем карактер, голема борбеност и од „минус 5“ дојдоа до таков резултат. Јас сум пресреќен кога гледам дека менталниот склоп е толку силен и само така треба се продолжи, да не застанеме тука. Тоа што не заврши нерешено, што испадна така, нека е, ќе има и други натпревари, смета Савевски.
На дуелот со Словенија Савевски беше принуден да игра со деснорак играч на десната бековска позиција. Можеби невообичаено, но сепак помина добро.
„Таква беше ситуацијата, младите се уште не се доволно спремни, затоа и повикав повеќе играчи, имаме 7-8 бека на таа позиција. Капитенот се враќа, работи со на физичка спремност, очекувам да почне да игра за 15-20 дена, па ќе имаме и левак на десен бек“.
Сликата за тоа каков ќе биде составот на Македонија за ЕП, Савевски очекува да ја има после двомечот со Норвешка. Сега се уште им се дава шанса на некои ракометарки да се види како тие ќе се вклопат.
„Сега ќе биде уште потешко 7-8 играчи цело време играа, но ќе се обидеме да бидеме уште подобри, има уште 2-3 играчи кои треба да помогнат многуЧ Штериова, Ѓорѓиевска и Десподовска, можеби и Мркиќ. После двомечот со Норвешка ќе имаме јасна слика и список од 20-тина ракометарки кои ќе бидат оние кои ќе играат на Европското првенство“, ни изјави селекторот.
Преголеми промени за овој втор натпревар не се очекуваат.
„Имаме уште еден тренинг, веројатно ќе се вратат Дуковска и Сара Миновска, некој друг ќе испадне, па ќе видиме“.
Натпреварот против Словенија во Скопје го играме утре во 18,30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.