Репрезентацијата на Србија во Зрењанин успеа да направи изненадување и да триумфира против Шведска со 24:21, во рамки од 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022, кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора.
Србија во победата беше предводена од поранешната ракометарка на Вардар, Марија Петровиќ, која беше втор стрелец во нејзината селекција со пет погодоци, додека Јелена Лавко беше прв стрелец во селекцијата на Урош Брегар со шест погодоци.
Единствено расположени во скандинавската селекција беа голманката Бундсен и Натали Хагман, која постигна десет погодоци од 12 обиди, но немаа поддршка од останатите колешки. Голманката на Србија, Јована Рисовиќ натпреварот го заврши со 18 интервенции. Швеѓанката Јохана Бундсен меѓу стативите се покажа во солидно светло и запиша 15 одбрани.
Во денешните квалификациски натпревари, Хрватска не успеа да направи сензација во Копривница, забележа минимален пораз од актуелниот олимписки шампион, Франција, со 19:21.
Швајцарија стигна до првите бодови во квалификациите откако беше убедлива против Литванија со 36:30. Во квалификациската група 1, Русија нема да учествува поради санкциите од ЕХФ, па така во игра за Европското првенство остануваат сите три репрезентации, Полска, Швајцарија и Литванија.
Холандија успеа да ја оствари третата победа во квалификациската група 3 триумфираше против Германија со 31:25. Победа запиша и Португалија над Словачка со три гола разлика, 24:21, во квалификациската група 5.