ПСЖ како брз воз низ Букурешт

|
20:36

Ракометарите на ПСЖ ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето во Романија кај Динамо Букурешт откако обезбедија убедлив триумф со 39:31, во натпревар од 13. коло од Лигата на шампионите.

Во првите пет минути од натпреварот резултатот беше 3:3, а трите погодоци за двете екипи беа постигнати од тројца различни ракометари. По нерешениот резултат од 3:3, Никола Карабатиќ со својот втор погодок му го донесе првото водство на ПСЖ од 4:3.

ПСЖ во следниот период константно имаше позитива од плус два, водеше со 5:3, 6:4, 7:5, 8:6 и 9:7. Избраниците на Чави Пасквал со два гола во низа израмнија на 9:9 во 13. минута.

Последните петнаесетина минути од првото полувреме минаа во знакот на ракометарите на Раул Гонзалез, кои во завршниот дел ја покажаа својата доминација и на пауза заминаа со плус четири позитива, 20:16.

Водството на екипата од Франција за неколку минути игра во второто полувреме беше зголемено на највисоки пет гола разлика, 21:16. Овие пет гола разлика беа сосема доволни за фаворитот на овој натпревар да ја обезбеди победата бидејќи рутински ја одработи задачата до самиот крај и не дозволи домаќинот да направи евентуален камбек.

Листата на стрелци кај ПСЖ беше предводена од искусниот репрезентативец на Данска, Микел Хансен, кој постигна седум погодоци. Исто број на погодоци постигна и најефикасниот од Динамо Букурешт, Раул Кампос.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА651011
2НАНТ74129
3АЛБОРГ84139
4ПИК СЕГЕД74038
5КЕЛЦЕ73046
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064

Манасков: Не сме среќни, аме сме задоволни со бод

Автор: Редакција
| 20 ноември 2024
22:50

Еурофарм Пелистер одигра нерешено, 29-29 со Фредериција, иако можеше македонскиот првак дури и да победи, но и да загуби. Со овој бод, битолчани остануваат се уште во игра за место кое води во осминафиналето на лигата на шампионите. Веројатно ќе биде клучен оној меч со Висла во Битола.

Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат, 25:25, се играше гол за гол, пелистерци наместо на два разлика, дозволија ривалот да израмни, 27:27, а на три минути пред финишот Фредериција со два гола во низа го презеде водството, поведе со 29:28. Еурофарм Пелистер израмни на 29:29, гостите не реализираа напад, но ниту домашниот тим не успеа да дојде до гол во последните секунди,

„Тежок меч. Фредериција беше подобра отколку на првиот меч, Играа полесно, и даваа лесни голови особено во првото полувреме. Почнавме добро, па после паднавме. не успеавме денеска да им помогнеме на голманите, да имаат повеќе одбрани. Можеше и да загубиме. Успеавме да освоиме еден бод, не сме среќни, но секако сме задоволни, изјави Дејан Манасков, крилото на Еурофарм Пелистер.

Во следното коло пелистерци гостуваат кја Веспрем.

Еурофарм Пелистер освои нов бод – драмата со Фредериција заврши реми

 

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар на Исланд по втор европски триумф

Автор: Влатко Мирчески
| 19 ноември 2024
10:00

Македонскиот вицепрвак Вардар денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Вардар на Исланд против Валур, тим кој го совлада во првото коло со 33:26, ќе атакува на втора европска победа.

Исландскиот тим во досегашниот тек од сезоната освои само еден бод, оној против Порто на свој терен.

Денешен настап во Лигата на Европа ќе има репрезентативецот на Македонија, Филип Талески, кој со Бенфика ќе бидат домаќини на Кадетен Шафхаузен.

Тимот на Талески има максимален ефект во групата Ц – „четири од четири“ и на денешниот натпревар е голем фаворит против швајцарскиот тим.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 5. КОЛО, РАСПОРЕД:
18:45 ГОГ – ГОРЕЊЕ
18:45 ГРАНОЉЕРС – ЗАБЖЕ
18:45 ГУМЕРЗБАХ – ФХ
18:45 ПРЕШОВ – ЛИМОЖ
18:45 СЕСВЕТЕ – ФЛЕНСБУРГ
18:45 ИШТАД – КОНЦТАНЦА 
20:45 АДЕМАР – ЛУЦЕРН
20:45 БЕНФИКА – КАДЕТЕН
20:45 СИЛКЕБОРГ – МОНПЕЛЈЕ
20:45 ХОБРИ – БИДАСОА
20:45 КАРВИНА – ТАТАБАЊА
20:45 МЕЛСУНГЕН – ПОРТО
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – КИЛ
20:45 ТУЛУЗ – САВЕХОФ
20:45 ВАЛУР – ВАРДАР
20:45 ВОЈВОДИНА – НЕКСЕ

Ги водеше Пелистер, Кометал ЃП, Вардар…сега се враќа на тренерската работа

Автор: Влатко Мирчески
| 18 ноември 2024
18:55

Поранешниот селектор на БиХ, Касим Каменица, кој е добро познат на ракометната македонска јавност, реши да се врати на тренерскиот занает.

Според пишувањата на босанскиот портал „Ослобоѓење“, искусниот стратег повторно ќе го предводи Горажде.

Станува збор за клуб кој се натпреварува во најквалитетното натпреварување во БиХ, а Каменица во Горажде ја започна играчката и тренерската кариера.

За Каменица ова ќе биде трет мандата на клупата на Горажде, клуб во кој настапуваат неколку ракометари кои што играле во македонската лига.

Каменица во својата тренерска кариера беше предводник на неколку наши клубови -Кометал Ѓорче Петров, Пелистер, Вардар, Младост….

Бура заминува од Охрид – му направи место на Внициус од Куманово

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
20:15

Охрид преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека е прекината соработката со хрватскиот интернационалец Луцијан Бура.

Десниот бек, кој во тимот на Стевче Алушовски дојде како големо засилување за оваа сезона, не ги исполни очекувањата на раководството на клубот.

Негова замена ќе биде Бразилецот Чаио Винициус Де Соуза Мораис. Како што најави 24 Ракомет, Внициус во Охрид ќе замине после декември.

Бекот на Куманово е „прв бомбардер“ и речиси секогаш има двоцифрен број голови зад своето име.

Куманово го продаде најдобриот играч

Николов и Начевски ќе судат полуфинале во азиската Лига на шампиони!

Автор: Душко Андов
| 21 ноември 2024
10:00

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски денеска ќе имаат голем предизвик пред себе.

Тие се делегирани од Азиската федерација да судат едно од полуфиналињата во тамошната Лига на шампиони.

Македонците ќе бидат арбитри на натпреварот меѓу домаќинот на турнирот Ал Духаил од Катар и Ал Калеј од Саудиска Арабија, кој е се уште актуелен шампион. Во екипата на Ал Духаил е и Петар Мисовски, македонскиот тренер кој е задолжен за работата со голманите на катарскиот тим. Тој четири години е во Катар, а сега работи со еден од најдобрите тимови во таа земја.

Во второто полуфинале ќе се сретнат тимовите на Шаржа од Обединетите Арапски Емирати и Казма од Кувајт.

По ден одмор, на 23 ноември в сабота ќе се одиграат завршните натпревар во азиската Лига на шампиони.