Тимот на Еурофарм Пелистер има реми на пауза на гостувањето кај Татабања, 11-11, во натпреварот од 9 коло во Лигата на Европа. По 1-1 на стартот, Матијас Ѓери со два гола во серија и донесе плус два на Татабања, 3-1, а беше и 4-2. Битолчани набрзина се вратија со реми, 4-4.
Во продолжение се играше гол за гол, а Секељ му одбрани пенал на Балог. На спротивната страна и Бартуч беше поуспешен од Периќ, па со двата гола од десните бекови Балог и Анчин, Татабања стигна до 8-6.
Мандалиниќ погоди во напад што беше на работ на пасивност, а потоа истиот играч од далечина израмни на 8-8. Кизиќ само што влезе на голот, му запре удар на Анчин, па македонскиот тим за првпат поведе на мечот со голот на Мандалиниќ за 8-9.
Хрватскиот лев бек играше одлично и со шестиот гол донесе 9-10 на пет минути до крајот на првото полувреме. Израмнија домашните во продолжение, а Радовиќ изнуди исклучување на Фотаке во следниот напад на битолчани.
Маџовски израмни на 11-11, а потоа Кизиќ со третата одбрана му даде шанса на Еурофарм Пелистер да реализира, но неговите соиграчи не успеаја и на пауза се замина со реми.