Месец ипол после Европското првенство повторно собир ќе има хрватската репрезентација.
Хрватската селекција ќе се собере од 14. до 20. март во Вараждин. Натпревар Хрватите нема да одиграат затоа што е репрезентативна недела во која започнуваат квалификациите за СП, во нив ќе игра и Хрватска, но од следната фаза. За пласман на СП Хрватска ќе игра на 13. април.
Селекторот Хрвоје Хорват за овој собир повика 22 играчи. Меѓу кои се голманот Марин Шего и Игор Карачиќ.
„На списокот се некои нови имиња кои се наметнаа со својата форма во клубовите. Секако тука се и дел од оние кои оставија одличен впечаток на Европското првенство. Неделата која доаѓа ја сфаќаме сериозно затоа што тоа ни е идеална прилика играчите да бидат повеќе време заедно со што ќе имаме прилика добро да поработиме без некакви натпревари“, изјави Хорват.
На списокот на Хрватска го нема Анте Гаџа од Вардар поради повреда. Ќе потсетиме Гаџа беше дел од хрватската репрезентација на Европското првенство.