Машката и женската репрезентација на Македонија ќе учествуваат на новото издание на Медитеранските игри што ќе се одржат во јуни во алжирскиот град Оран.
По Мерсин и Тарагона, ова ќе биде трето учество за македонските ракометни селекции на ова натпреварување, а ривалите ќе бидат познати по комплетирањето на листата на учесници.
Можни ривали на Македонија во двете конкуренции се Алжир, Хрватска, Тунис, Турција, Грција, Црна Гора, Србија, Шпанија, Португалија, Мароко, Словенија…
Селекторите Кире Лазаров и Љубомир Савевски неодамна го најавија учеството во Оран, а во какви состави ќе патуваат нашите репрезентации ќе се знае на почетокот на јуни.
Ракометниот турнир на Медитеранските игри ќе се игра од 26 јуни до 3 јули, во градот Арзеу, 40 км од Оран, а домаќин ќе биде салата „24 Февруари“ која има капацитет од 2.500 гледачи.