Рајн Некар остана без капитенот, Генсхајмер оди на операција

Oд крајот на минатата година капитенот на Рајн Некар Левен Уве Генсхајмер се мачи со повреда на ахиловата тетива.

Генсахјмер поради повредата константно имаше проблеми и неможеше да игра во полн капацитет, а сега е принуден да биде целосно надвор од терените неколку месеци.

„Ахиловата тетива е премногу воспалена. Секако дека сум вознемирен, но морам да одам на пауза затоа што ми е потребна. Поради тоа во наредниот период нема да можам да помогнам на клубот“, изјави Генсхајмер за официјалната страница на клубот.

Според првите прогнози Генсхајмер ќе биде надвор од терените најмалку три месеци. Сезонава на 11 натпревари капитенот на германскиот клуб постигна 63 гола.