Ракометарите на Јехона имаа добро издание во натпреварот од 15. коло од Првата лига и на домашен терен беа подобри од составот на Шампион со 34:29.
Шампион го имаше само почетното водство, а во продолжение доминираше домашната екипа. Уште на почетокот Јехона направи пет гола позитива кога беше 8:3, но сепак до полувремето гостите намалија на и на паузата беше 17:14.
Продолжението од натпреварот не донесе неизвесност, Јехона без поголеми проблеми одржуваше безбедна позитива и рутински стигна до трите бода.
Дебрешелиоски од Шампион заработи директен црвен картон заради еден невнимателен старт врз противнички играч во 50. минута.
Предводници во победата на Јехона беа Бојан Марковски и Михајло Живкоски со десет односно девет гола, а пет постигна Горјан Трајчевски. За Шампион прв стрелец беше Христијан Сибиновски со осум гола.