Хрватски арбитри ќе му делат правда на Еурофарм Пелистер против Кадетен

Европската ракометна федерација ги одреди судиите за натпреварите од седмото коло во Лигата на Европа.

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер во Битола ќе се соочи со швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, кој минатата сезона си замина со бод.

ЕХФ за овој натпревар ги делегираше судиите од Хрватска, Томислав Циндриќ и Роберт Гонжурек.

Делегат на двобојот што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ утре со почеток во 18:45 часот, ќе биде Словакот Владимир Ранчик.