Олимпискиот шампион од Барселона, Талант Душебаев во интервју за официјалната страница на ЕХФ порача дека би ги заменил сите индивидуални награди за уште едно олимписко злато.
Во разговорот Душебаев истакна и дека не би можел да го избере најдобриот ракометар на сите времиња.
„Ракометот ми даде навистина многу. Низ кариерата сум добил многу индивидуални награди, но сепак станува збор за екипен спорт. Би ги менувал сите индивидуални награди за уште еден златен олимписки медал. Никогаш не би се осмелил да изберам најдобар ракометар на сите времиња. Од денешната младина никој не ги знае Бирталан, Лаврoв, Вујовиќ, Јун или Висландер. Секој оставил белег во своето време. Во кошарката не можете да го споредите Мајкл Џордан со Коби Брајант. Или дали во фудбалот Пеле е подобар од Марадона или Меси“, изјави Душебаев.